Утрински Весник
Свет

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот
Dik 300x250 mk

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој се опоравуваше од труење во болница во Берлин, изјави денеска неговата портпаролка, Кира Јармиш.

„Ова значи дека станот не може да се продава, да се подари или да се става под хипотека“, објасни Јармиш на видеото на „Твитер“.

Таа додаде дека неговиот имот бил замрзнат на 27 август, поради тужба од компанија што доставува храна до училиштата во Москва.

Во октомври минатата година, рускиот суд нареди Навални и неговите соработници да платат 1,4 милиони долари отштета на компанијата, бидејќи според судот, тие неоправдано го довеле во прашање квалитетот на храната.

На 44-годишниот критичар на владеењето на Владимир Путин му се слоши претходно месецов во авион над Сибир. Тој беше пренесен од Русија на лекување во Берлин, а германската влада извести дека тестовите спроведени во Германија, Франција и Шведска покажале дека тој бил отруен од нервниот агенс „новичок“.

Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли случајот што тие го сметаат за обид за атентат, но Москва ги отфрла обвинувањата и вели дека нема индиции оти е сторено злосторство против Навални, кој оттогаш се опорави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин го свика Советот за безбедност откако САД тестираа интерконтинентална ракета

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил