Утрински Весник
Македонија

Mинистерот Маричиќ на средба со со британската амбасадорка 

Mинистерот Маричиќ на средба со со британската амбасадорка 
Dik 300x250 mk

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата, министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Обединетото Кралство во досегашните напори на Северна Македонија да изгради силни, транспарентни и ефикасни правосудни органи базирани на принципот на владеењето на правото.

Министерот истакна дека овој мандат ќе се фокусира на подигнување на етичките стандарди, одговорноста и транспарентноста на судството и обвинителството како клучни предуслови за зголемување на довербата на јавноста во правосудството и изрази очекување дека Обединетото Кралство ќе продолжи со силната поддршка за реформските процеси во Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Седум пиштоли и над 300 куршуми пронајдени кај маж од скопско

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола

Променливо облачно време со сончеви периоди и ветер