Утрински Весник
Свет

Земјотреси во Албанија и Грција

Земјотреси во Албанија и Грција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја погоди Грција.

Епицентарот на земјотресот во Албанија бил на десетина километри северо-источно од Лушње, на длабочина од 10 километри.

Следуваа последователни земјотреси со јачина од 3 степени и земјотрес со јачина од 3,2 степени.

Земјотресите во Албанија ги разбудија локалните жители.

„Земјотресот се случи во два бранови еден по друг и неколку помали потреси. Се чинеше како да ми потона креветот“, „Ме исфрли од сон“, „Силен како грмотевица“, коментираат тие.

Епицентарот на земјотресот во Грција бил на 14 километри југозападно од Лефкада, на длабочина од 16 километри, а еден од жителите во епицентралното подрачје го опиша потресот „како да прелетал брз воз“.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протести во Литванија против планирани реформи во јавниот радиодифузен сервис

Ескалираше протестот на земјоделци од неколку европски земји во Брисел

ЕУ ги укинува санкциите за Косово