Утрински Весник
Магазин

(Видео) Шерон Стоун открива – Роберт де Ниро е најдобриот бакнувач

(Видео) Шерон Стоун открива – Роберт де Ниро е најдобриот бакнувач

Холивудската актерка Шерон Стоун во вторникот откри дека од сите мажи на големиот екран со кои глумела во текот на својата четиридецениска кариера, двократниот оскаровец Роберт де Ниро бил најдобар бакнувач.

Стоун и Де Ниро ги споија усните како Џинџер Мекена и нејзиниот сопруг, шеф на казино, Сем (Ејс) Ротштајн, во филмот „Казино“ од 1995 година.

„Нема дилема, Роберт де Ниро најдобро бакнува“, рече Стоун во виртуелното ток-шоу Watch What Happens Live.

„Боб беше актер на кој најмногу му се воодушевував“. Само сакав да можам да седам спроти Ниро на мса. Можеби затоа што имав високо мислење за него или затоа што премногу го ценев, сето тоа придонесе бакнувањето да биде врв на моментот за мене“.

Стоун се пошегува дека Де Ниро би можел да ја удри со чекан во главата и дека таа сè уште би била воодушевена.

„Бев лудо вљубена во него како актер. Тој не може да се спореди со ниту еден друг од главните протагонисти на големиот екран,“ рече Стоун и додава дека не ѝ се допаѓало бакнувањето со други актери.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста