Утрински Весник
Македонија

Бочварски – Ѕуо: Автопатот Кичево – Охрид е приоритетен проект

Бочварски – Ѕуо: Автопатот Кичево – Охрид е приоритетен проект
Dik 300x250 mk

Mинистерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, имаше работна средба со кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо.

На средбата министерот Бочварски ги презентирше инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија, со посебен акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.

Министерот ја потенцираше потребата од заеднича соработка во доизградба на автопатот Кичево – Охрид. Исто така го информираше амбасадорот и за претстојните крупни капитални проекти што ќе се реализираат на Коридорите 8 и 10.

„Денешната средба со кинескиот амбасадор во земјава беше во духот на билатерланата економска соработка меѓу двете земји. Кина е наш долгогодишен партнер во реализација на крупни капитални проекти. Го информирав амбасадорот за сите проекти што планираме да ги реализираме во следниот период. Ги отвориме прашањата поврзани со инфраструктураните проекти кои се поддржани од кинеската страна, потенцирајки за состојбата со изградба на автопатот Кичево –Охрид и повикав на заедничка вклученост во доизградба на овој значаен патен правец”, изјави министерот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нема да има марш оваа сабота во Кочани

Политиката ја јаде и уметноста: ВРЕДИ за свој успех си припишува настап на Филхармонија во Виена

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат