Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 204 нови случаи на коронавирус

Хрватска резервира 1,5 милион дози од вакцината против коронавирусот

Во последните 24 часа во Хрватска евидентирани се 204 нови случаи на коронавирус, две лица починале, а бројот на активни случаи е 1.268, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 278 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 27 се на апарати за дишење. Во последните 24 часа биле тестирани 6.387 примероци, а оздравеле 828 лица.

Во моментов има 3.314 лица во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 15.340 заболени, од кои 257 починале. Закрепнале 13.815 луѓе.

До денес се тестирани вкупно 273.684 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Букурешт уништен од страотно невреме – ветрот корнеше дрвја, дождот направи реки од улиците (ФОТО/ВИДЕО)

Во Украина стигна првата група воени заробеници

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?