Утрински Весник
Македонија

Богојески: Власта директно ја води државата кон судири по етнички основ

Богојески: 10% ДДВ на храната во угостителството и воведување само на стандардни мерки од СЗО за Ковид 19 после 16 јули

Власта директно ја води државата кон судири по етнички основ, обвини Петар Богојески од Македонски концепт.

„Ако утрото по денот се познава, тогаш сме сигурни дека оваа Влада е на погрешен антиевропски пат. Од една страна е противуставна и не го почитува амандманот 6 од Уставот на Република Македонија, не се грижи за правична застапеност на граѓаните, а од друга страна наметнува услови за работа на приватниот сектор, односно наметнува етнички клуч врз приватниот сектор со субвенционирање на етнички вработувања или сега по ново и наметнување на двојазичност. Ова е класично насилство, суспендирање на светоста на приватната сопственост. Ова е апартхејд во 21 век“, вели тој.

Ова насилство од власта, додава Богојески, директно ја води државата кон судири по етнички основ.

„Ова не е едно општество за сите, ова е општество против сите. Приватните компании се оневозможени да работат по сопствено видување и убедување. Редно време е стопанските комори во земјава да го организираат отпорот на менаџерите и стопанствениците, особено на малите и средни претпријатија“, вели Богојески.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир