Утрински Весник
Свет

Навални излезе од болница

Навални излезе од болница

Рускиот опозиционер Алексеј Навални вчера излезе од болницата „Шарите“ во Берлин.

„Алексеј Навални вчера е отпуштен од интензивна нега. Навални се лекуваше 32 дена, од кои 24 на интензивна нега. Врз основа на прогресот и сегашната состојба на пациентот веруваме дека е можно целосно закрепнување“, објавија од клиниката на „Твитер“.

Од таму додаваат дека неговото здравје е подобрено, но дека последиците од труењето сè уште не можат да се проценат.

Навални се лекуваше откако му се слошило во авион во Сибир и бил пренесен во болница во Омск. На инсистирање на негов соработник, тој бил пренесен во германската болница, а според тамошните анализи, Навални бил отруен со нервен агенс „новичок“.

Навални важи за жесток критичар на рускиот претседател, Владимир Путин.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕП: ЕУ мора да изврши институционални реформи за да се подготви за прием на нови членки

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија