Утрински Весник
Македонија

Следи променливо време со дожд и грмежи

Продолжува нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, во делови од Скопската котлина со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време со попладневна нестабилност и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во следните денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поинтензивен во сабота.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: „One Stop Shop” со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи” авансот од Мицкоски

Денес среда, 17 јуни ново силно невреме ќе ја зафати Македонија