Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Видео) Триото од „Пријатели“ – Анистон, Кокс и Кудроу – повторно заедно

(Видео) Триото од „Пријатели“ – Анистон, Кокс и Кудроу – повторно заедно
300x250 opst2

Трите ѕвезди на култната ТВ-серија „Пријатели“ Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиза Кудроу се собраа во неделата вечер во куќата на Џенифер, каде заедно ги гледаа виртуелните „Еми“ награди.

Тие го изненадија водителот Џими Кимел кога Џенифер откри дека заедно ја гледале церемонијата.

Зборувајќи преку видео врска со Џенифер, која претходно се појави лично во Стејплс центарот во Лос Анџелес, Џими беше изненаден кога ја виде Кортни со неа.

Кортни одговори: „Секако дека сум тука, живееме заедно“, одговори Кортни, а Џенифер додаде: „Ние сме цимерки од 1994 година, Џими“. Лиза потоа зачудено праша: „Дали е ова телевизија во живо?“

Триото глумеше во популрната серија со Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат

Љубовен мир и заборавено богатство денес: Дневен хороскоп (04.10.2025)