Утрински Весник
Спорт

Златан дава голови во четири децении! Милан со победа ја отвори сезоната

Златан дава голови во четири децении! Милан со победа ја отвори сезоната

Златан Ибрахимовиќ постигна два гола за Милан да стигне до 2:0 победа над Болоња на „Сан Сиро“ во првиот меч од новата сезона во Серија А за „росонерите“, продолжувајќи да руши рекорди и на 38 години.

Ова беше неверојатна 23-та сезона во првите европски лиги во кои Ибрахимовиќ постигнува голови, што значи дека има постигнато гол во четири посебни децении – 1990-ти, 2000-ти, 2010-ти и 2020-ти! Бројките на Златан за Милан од јануари се апсолутно неверојатни – во 22 меча, тој има постигнато 14 гола и 5 асистенции, оправдувајќи ја одлуката на Милан да го убедат да остане во клубот и да му понудат одлична плата. Ова исто така е трет гол во два меча за Милан оваа сезона, откако стрелаше и во меч од Лига Европа против ирскиот Шамрок Роверс (2:0).

Против Болоња, каде што на клупата е неговиот пријател Синиша Михајловиќ, тој го отвори резултатот во 35. минута по одличната асистенција на Тео Ернандез со одличен скок, за во 50. минута, кога Бенасер беше соборен во шестнаесетникот, да биде прецизен и од белата точка.

> Златан дава голови во четири децении! Милан со победа ја отвори сезоната <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо