Утрински Весник
Македонија

Груби-Брегу: Регионалната соработка е шанса за побрза интеграција во ЕУ

Груби-Брегу: Регионалната соработка е шанса за побрза интеграција во ЕУ

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска се сретна со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

„За време на состанокот со Брегу, првиот вицепремиер Груби разговараше и за состојбата во земјата но и регионот, како и за унапредувањето на добрососедските односи, во кој случај како пример го зеде договорите што ги постигна Република Северна Македонија со Бугарија и Грција. Генералната секретарка му пренесе на првиот вицепремиер Груби дека во фокусот на активностите на Советот за Регионална Соработка е важноста на меѓусебната поврзаност на регионот и потребата за интеграција на економиите на заеднички пазар и истакна дека Советот е подготвен да им помогне на земјите од Југоисточна Европа во процесот на европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Груби.

Груби и Брегу се согласиле дека регионалната соработка е од суштинско значење во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија. И двајцата соговорници оцениле дека се потребни дополнителни резултати во овој план, што е важен предуслов за стабилноста и напредокот на регионот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност