Утрински Весник
Спорт

Рома ризикува да го загуби поенот од Верона поради Дијавара

Рома ризикува да го загуби поенот од Верона поради Дијавара

Рома ризикува да го загуби освоениот поен по 0:0 ремито на гости кај Верона поради поставувањето на Амаду Дијавара во игра, тврдат италијанските медиуми.

Според „Ла газата дело спорт“, фудбалерот од среден ред бил регистриран на листата на У-22 играчи, а не во главниот тим, а од Рома не забележиле дека тој наполнил 23 години на 17 јули. Ова значи дека тој немал право на настап и може да го загуби мечот службено со 3:0.

Ова не би се случило првпат, бидејќи Сасуоло биле казнети за ист прекршок во 2016 година со службен пораз од 3:0.

Во Рома биле подготвени на жалба, признавајќи дека се работи само за административна грешка.

> Рома ризикува да го загуби поенот од Верона поради Дијавара <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп