Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Повеќе од 240 мигранти на Лезбос заболени со коронавирус

Повеќе од 240 мигранти на Лезбос заболени со коронавирус
Img 7972

Повеќе од 240 мигранти кои престојуваат во привремената населба со шатори, која беше поставена минатата недела на грчкиот остров Лезбос по пожарот во прифатниот центар во Морија, се заразени со коронавирус. Тестирани биле 7.000 лица.

Резултатите од тестовите на 120 полицајци и 40 вработени во кампот се негативни.

Во шаторите во новиот комплекс, за кои некои велат дека немаат кревети и основни санитарни услови, сега се сместени повеќето од 12.700 баратели на азил кои останаа без покрив над главата по пожарот на 8 септември што го зафати кампот Морија.

Откако избегаа од кампот поради пожарот, мигрантите поминаа неколку дена надвор, покрај патот, во напуштени згради, полиња, па дури и на гробишта. Се сомнева дека пожарот го подметнале шестмина млади баратели на азил од Авганистан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот