Утрински Весник
Свет

Најмалку 10 случаи на коронавирус на Света Гора

Најмалку 10 случаи на коронавирус на Света Гора

Во манастирите на Света Гора се потврдени најмалку 10 случаи на коронавирус, од кои осум случаи во манастирот Свети Павле и најмалку по еден во Хиландар и во манастирското село Лакоскити.

Манастирот Свети Павле, кој се наоѓа на западниот брег на Атос, е ставен во карантин, а еден свештеник во критична состојба е префрлен во болница во Солун, пренесува „Катимерини“.

На Атос е  испратен тим на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ)  за да открие колку вирусот навистина е распространет на Атос.

Како што е наведено, засега никој не може да гарантира дека вирусот не се проширил во други манастири, ќелии и простории.

Се додава дека Светата заедница на почеток ги затворила вратите на Света Гора за посетителите, но мерките се ублажени и на посетителите им е дозволено да ги посетуваат манастирите со мерење на температурата, како и свештениците кои доаѓаат и одат од островот.

Иако претходно биле предупредувани свештениците да ги почитуваат мерките, многумина од нив не го прават тоа, особено за време на верски собири и церемонии.

Порталот Грик репортер потсетува дека манастирот Свети Павле е основан кон крајот на 10 и почетокот на 11 век и дека во него живеат 31 свештеник.

Манастирската библиотека содржи 494 ракописи и повеќе од 12 000 печатени книги, а манастирот се смета за 14. во хиерархијата меѓу 20 манастири на Света Гора.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Првите припадници на Националната гарда пристигнаа во Лос Анџелес, најавени се нови протести

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток