Утрински Весник
Спорт

Селтикс се вратија во живот, намалија на 2-1 во серијата против Мајами

Селтикс се вратија во живот, намалија на 2-1 во серијата против Мајами

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја намалија предноста на Мајами Хит во финалето на Истокот на 2-1, откако триумфираа во третиот меч со 117:106.

Селтикс во третиот меч не ги повторија грешките од првите два кога им дозволуваа на Мајами да се вратат од двоцифрен минус. Селтикс имаа плус 9 по првата четвртина и плус 13 на полувреме. Во третиот период Бостон имаа предност и од 18 поени, на на почетокот на последниот период разликата беше +15 за Селтикс.

Мајами успеаја со серија од осум поени да се доближат на минус од пет поени на 120 секунди до крајот меѓутоа немаа сили за целосен пресврт.

Џејлен Браун (26 поени, 7 скока, 5 асистенции) и Џејсон Тејтум (25 поени, 14, скока, 8 асистенции), Кемба Вокер (21 поен) и Маркус Смарт (20 поени) го предводеа Бостон д првата победа во финалето на Истокот.

Кај Мајами уште еднаш блесна Бем Адебајо со 27 поени и 16 скока, Тајлер Хиро постигнаа 22 поени.

Наредниот натпревар на програмата е во четврток наутро.



> Селтикс се вратија во живот, намалија на 2-1 во серијата против Мајами <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо