Утрински Весник
Свет

БиХ: Брод на граничната полиција исчезна под неразјаснети околности

БиХ: Брод на граничната полиција исчезна под неразјаснети околности

Брод на Единицата за гранична полиција на БиХ во Градишка исчезна под неразјаснети околности, но е пронајден по неколкучасовна потрага.

Бродот е пронајден на реката Сава во близина на Хрватска, изјави за Срна портпаролот на оваа полициска агенција, Франка Викан.

Според РТРС, таа изјавила дека бродот е пронајден утрово од полицајците на граничната полиција на БиХ.

„Граничната полиција продолжува да работи за да утврди како исчезна бродот ноќта меѓу петокот и саботата“, рече Франка Викан.

Таа додаде дека за сè биле информирани полициските службеници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, кои преземаат понатамошни мерки од нивна надлежност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Русија ги отфрла сите мировни напори

Кинеска авиокомпанија воведува најдолга авиолинија во светот помеѓу Шангај и Буенос Аирес

Обвинителот од Џорџија се откажа од кривичната постапка против Трамп