Утрински Весник
Свет

Нови 83 случаи на коронавирус во Србија, едно лице почина

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа, потврдени се уште 83 случаи на инфекција со коронавирус меѓу 595 тестирани примероци во Србија, а едно лице починало како резултат на инфекцијата, соопшти Кризниот штаб.

Во болницата има 323 пациенти, од кои 23 се на апарати за дишење. Од почетокот на епидемијата на 6 март, тестирани се вкупно 1.069.626 примероци и регистрирани се 32.840 заразени.

Според официјалните податоци, 740 пациенти починале како резултат на инфекција со Ковид-19, а стапката на смртност е 2,25 проценти.

Поради епидемиолошката состојба во околните земји и зголемениот ризик од ширење на коронавирусот, од петок во 18 часот во Србија се на сила засилените мерки за надзор на повратниците од Црна Гора, БиХ, Хрватска и Албанија. Обврска е на сите повратници да се пријават на електронскиот систем или личен лекар, со цел да реагираат побрзо во случај на појава на симптоми и да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата.

„Од почетокот на примената на таа мерка до саботата наутро, се пријавија околу 4.500 лица“, изјави членот на Кризниот штаб, Предраг Кон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранското нуклеарно познавање не може да биде уништено, вели висок ирански функционер

Кина остро го осуди нападот на САД врз Иран и нуклеарните објекти под надзор на МААЕ

Медведев: По нападите на САД врз Иран, некои земји се подготвени да му испорачаат нуклеарно оружје на Иран