Утрински Весник
Свет

(Видео) Стоматолог вадел заби додека стоел на ховерборд и им давал прекумерни дози седативи на пациентите

(Видео) Стоматолог вадел заби додека стоел на ховерборд и им давал прекумерни дози седативи на пациентите

Стоматологот Сет Лукарт од Алјаска, кој е снимен како му вади заб на пациент додека стои на ховерборд, е осуден на 12 години затвор поради десетици прекршоци.

Судијата во градот Енкориџ, Мајкл Волвертон, рекол дека Лукарт е обвинет дека на пациентите им давал прекумерна доза седатив што можело да ги убие.

Лакарт е осуден за 46 различни прекршоци. Меѓу нив и за злоупотреба на здравственото осигурување, проневера на пари и за несовесно лекување.

Обвинението било покренато во 2017 година кога поранешен вработен во ординацијата пријавил дека Лукарт го зголемувал профитот така што претерувал со давање на интравенозни седативи. Во 2016 година тој наплатил два милиони долари за овие седативи. Подоцна било утврдено дека неоправдано го користел.

Пациент на судењето рекол дека Лукарт му извадил четири заби без негова дозвола.

Лукарт кога ќе излезе од затвор, нема да смее да се занимава со медицина 10 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел