Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец.
Говорејќи на прес-конференција во Белата куќа, Трамп истакна дека тие напредуваат брзо во развојот на вакцината против Ковид-19.
„Вакцината што ја одобри американската Администрација за храна и лекови ќе биде подготвена за дистрибуција во рок од 24 часа. Нашата војска ќе испорача голем број вакцини каде што е потребно. Пред крајот на оваа година, ќе имаме најмалку 100 милиони дози од вакцината, можеби и повеќе. 100 милиони дози ќе се произведуваат секој месец и очекуваме да имаме доволно вакцини за секој Американец до април“, рече Трамп.
Тој истакна дека ќе го победи коронавирусот со логистичка поддршка на војската за краток временски период.
„Ќе завршиме многу добра работа со нашата војска во борбата против Ковид-19, исто како што го победивме ИСИС“, рече Трамп.