Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Данска, Исланд и Холандија воведуваат построги мерки

Данска, Исланд и Холандија воведуваат построги мерки
300x250 opst2

Данска, Исланд и Холандија објавија дека воведуваат нови ограничувања со цел да се запре растот на бројот на заболени од коронавирус, кој достигна рекордни нивоа во последните неколку дена.

Данска ќе ги ограничи јавните собири од 100 на 50 лица, а рестораните и кафулињата ќе бидат затворени во 22 часот, рече премиерот Мете Фредериксен.

Двете мерки стапуваат на сила утре и ќе траат до 4 октомври.

Во последните 24 часа, откриени се 454 новоинфицирани лица во оваа земја, нешто помалку од дневниот рекорд во април, кога беа регистрирани 473 заболени.

Исланд ќе затвора игралишта и кафулиња во и околу главниот град Рејкјавик четири дена, од 18 до 21 септември, објави владата.

Холандските здравствени власти во последните 24 часа потврдија нови 1972 случаи, рекорд што се урива четврти ден по ред.

Владата на премиерот Марк Руте се очекува вечерва да објави регионални мерки, како што е забрана за големи собири и предвремено затворање на кафулиња и ресторани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас