Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Британка повикала полиција поради помен во градина на паб

Британка повикала полиција поради помен во градина на паб
Dik 300x250 mk

Британците веќе започнаа да се кодошат едни со други за прекршувања на „правилото на шестмина“ од мерките за социјално дистанцирање поради Ковид-19, а една жена ги пријавила дури и луѓето собрани на помен во градина на паб, пренесува „Мирор“.

Министрите неделава ја повикаа јавноста да ги пријавува своите соседи ако се сомневаат дека се собираат во групи поголеми од шестмина. Секретарот за внатрешни работи, Прити Пател, дури рече и дека две семејства што се сретнале на улица и застанале за разговор постапуваат спротивно на законот.

Една Британка сметала дека е нејзина граѓанска должност да пријави ожалостена група од 30-тина луѓе на помен во градината на еден паб во Вигстон, Лестершир. Полициските службеници во средата ненајавено ја посетиле „Старата круна“ откако двапати ѝ се јавиле на сопственичката Сју Хамфрис во пабот за да проверат дали луѓето од групата држат социјална дистанца.

Полицијата побарала дел од групата  да биде преместена од задниот дел кон предниот дел на пабот, но сепак рекле дека не се прекршени правила.

„Бев загрижена поради она што го видов. Се чинеше дека има голема група на луѓе кои пијат надвор од пабот и изгледаа прилично блиску еден до друг. Почувствував дека мора да ја известам полицијата во случај да се кршат правилата. Чувствував дека е моја граѓанска должност да го пријавам ова и повторно ќе го сторам истото,“ изјави сосетката-кодош.

Таа, исто така, призна дека направила видеоснимки од ожалостените.

Во средата, премиерот Борис Џонсон се обиде да го повлече тврдиот став за пријавување на соседите, но се чини дека некои веќе ја добиле оригиналната порака. Премиерот рече:

„Јас никогаш не сум бил многу за кодошката култура. Она што луѓето треба да го сторат ако се загрижени е да го споделат тоа со своите пријатели и соседи “.

Тој, сепак, им даде поддршка на луѓето кои се јавуваат во полиција велејќи дека „ако мислат дека постои сериозна закана за јавното здравје како резултат на активностите на нивниот сосед, тогаш е разумно да ги информираат властите“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“

Израел ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат