Утрински Весник
Свет

Европска Унија постигна договор за набавка на вакцини со „Санофи“ и „ГСК“

Европска Унија постигна договор за набавка на вакцини со „Санофи“ и „ГСК“

Европска Унија се согласи да купи потенцијална вакцина против Ковид-19 од компаниите „Санофи“ и „Глаксо Смит Клајн“. Тоа е постигнато во друг таков договор кој има за цел да обезбеди залихи, бидејќи се приближува крајниот рок за пристапување кон програмата „Ковакс“ за еднаков пристап до вакцините.

Според постигнатиот договор, ЕУ ќе купи до 300 милиони дози од британскиот и францускиот фармацевтски гигант се вели во твитот на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравство.

„Санофи“ и „Глаксо Смит Клајн“ се надеваат дека вакцината, на која работат заедно, ќе добие лиценца за употреба следната година, пренесува „Ројтерс“.

Денешното соопштение ја потврди најавата на овие две компании од 31 јули. Ова е втор договор на ЕУ за набавка на вакцини, откако претходно беше потврдено дека компанијата „АстраЗенека“ ќе и обезбеди на Унијата до 400 милиони дози.

Европската комисија ќе финансира дел од трошоците на производителите на вакцини, чии дози ќе ги купуваат земјите на ЕУ.

Последниот договор на ЕУ ​​за набавка на вакцината е постигнат на денот на истекот на рокот за пристапување кон планот „Ковакс“, чија цел е да се обезбеди еднаков пристап до вакцините против коронавирусот.

Ниту една вакцина против коронавирус сè уште не е меѓународно одобрена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран

Балон на топол воздух се запали во Бразил, осум лица загинаа