Утрински Весник
Економија

УСАИД ќе го поддржи бизнис растот во областите туризам, земјоделие и производство

туризам

 

Новата иницијатива имплементирана од ЛинкАкрос и кофинансирана од УСАИД, регионалниот проект за економски развој, управување и развој на претпријатија е фокусирана на поттик на економскиот раст во Северна Македонија и Албанија. Оваа иницијатива, наречена ГроуБиз (GrowBiz) е особено навремена со оглед на економското влијание на Ковид-19 пандемијата.

ГроуБиз има за цел да помогне во растот и зглемената продажба во областите туризам, земјоделие и производство. ГроуБиз ќе овозможи интегриран и прилагоден пристап кој започнува со обуки и резултати во креирање и рафинирање на прилагоден план за раст, со помош на извршни бизнис експерти во коучинг и регионални индустриски експерти. Македонските бизниси ќе имаат бенефит од преку 22 часови на обука за стратегиски менаџмент, истражување на пазарот, дигитален маркетинг, брендирање, задоволство на потрошувачите и вработените, одржливост на животната средина и социјална одговорност. Овие обуки ќе бидат дополнети со преку 20 часови -еден на еден- коучинг и консултациски сесии со искусни деловни луѓе од САД и од нашиот регион, со цел креирање и почеток на имплементирање на план за бизнис раст. Дополнително учесниците ќе имаат бенефит од понатамошни 8 часови на изборни обуки фокусирани на специфични теми од земјоделието, туризмот или секторот на лесно производство, како и адаптирана ревизија на дигиталниот маркетинг, и изработка на промотивно видео.

ГроуБиз е отворена за мали и средни компании регистрирани во Северна Македонија или Албанија, во следните сектори: земјоделство и обработка на земјоделски производи, еко/авантура/рурален туризам, производство на текстил и облека и производство и обработка на дрво.

За повеќе информации и регистрирање на овој уникатен и иновативен програм посетете ја фејсбук страницата https://www.facebook.com/linkacross. Рокот за аплицирање е 9 октомви 2020, и бројот на учесници е ограничен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Државата објави нова граѓанска обврзница но со намалена камата од претходно

Мицкоски: Се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, ќе продолжиме со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција оваа година, најави Мицкоски