Утрински Весник
Свет

(Видео) Демонстранти соборија статуа на конквистадор во Колумбија

(Видео) Демонстранти соборија статуа на конквистадор во Колумбија

Група домородни жители соборија стата на шпанскиот конквистадор Себастијан де Белалказар за време на неодамнешните протести во југозападна Колумбија, објави радио станицата „РЦН“.

Марш на народот Мисак против насилството се одржа вчера во градот Попајан, во регионот Каука. Кога стигнале до статуата, група учесници во маршот ја собориле со јажиња. Според „РЦН“, присутните полициски единици не се мешале во случувањата.

Градоначалникот Хуан Карлос Лопез Кастријон го осуди чинот и вети дека статуата ќе биде обновена. Во меѓувреме, судските власти веќе започнаа истрага за откривање и гонење на сторителите.

Себастијан де Белалказар бил шпански конквистадор, познат по своите освојувања на Еквадор, Колумбија и Никарагва, како и по основањето на Попајан.

Граѓанските немири низ целата земја беа испровоцирани по смртта на 46-годишниот адвокат Хавиер Умберто Ордонез, кој беше држен и малтретиран во полициска станица за наводно непочитување на мерките за физичка дистанца.

Инцидентот го отсликува бранот на рушење на статуите на Конфедерацијата што ги зафати јужните држави на САД по смртта на Џорџ Флојд.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков