Утрински Весник
Македонија

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 тестови, соопшти Министерството за здравство. Оздравеле 85 пациенти.

Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје-56, Гостивар – 18, Куманово-16 и Тетово – 10.

Во Штип-8, Прилеп-7,  Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Починати се седум лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 52
• Гази Баба – 75
• Аеродром – 83
• Карпош – 71
• Центар – 82
• Кисела Вода – 52
• Ѓорче Петров – 28
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 9
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 6
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен-7

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата