Утрински Весник
Свет

Генералниот секретар на ОН го нарече Ковид-19 глобална безбедносна закана број едeн

Генералниот секретар на ОН го нарече Ковид-19 глобална безбедносна закана број едeн

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го нарече коронавирусот глобална закана број еден, пренесува ТАСС.

„Вирусот е глобална безбедносна закана број еден во нашиот свет денес“, нагласи тој.

Поради оваа причина, додаде Гутереш, апелирам да престанат сите конфликти во светот до крајот на 2020 година.

„Во мојот говор пред Генералното собрание во вторник ќе упатам апел до меѓународната заедница да ги мобилизира сите напори глобалниот прекин на огнот да стане реалност до крајот на годината. Пандемијата на коронавирус излезе од контрола и бројот на нејзините жртви наскоро ќе надмине еден милион. Наскоро, ќе ја поминеме најмрачната пресвртница:  еден милион животи загубени од вирусот. Епидемијата е надвор од контрола“, истакна тој.

Според најновите статистички податоци, повеќе од 29.734.100 луѓе во светот се заразиле и пријавени се повеќе од 939.000 смртни случаи.

Генералната дебата на високо ниво на Генералното собрание на ОН ќе се одржи од 22 до 29 септември. Оваа година мнозинството обраќања ќе бидат во видео формат.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Букурешт уништен од страотно невреме – ветрот корнеше дрвја, дождот направи реки од улиците (ФОТО/ВИДЕО)

Во Украина стигна првата група воени заробеници

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?