Утрински Весник
Свет

Нова одлука во Србија – сите кои се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Голем прилив на пациенти во Белград, за 24 часа примени 144 заразени во болниците

Од утре од 18 часот во Србија стапува на сила нова одлука – сите државјани на Србија кои ќе се вратат од земји каде има голем број заболени од коронавирус мора да се пријават во здравствениот систем.

Оние, пак, кои имаат симптоми мора веднаш да се јават кај лекар.

Епидемиологот и член на Кирзниот шраб, Предраг Кон, рекол дека граѓаните кои се враќаат во земјата имаат обврска електронски да се пријават во здравствениот систем, затоа што не би било добро сите да се упатат во ковид амбулантите.

Кон рекол дека се очекува во земјата неделно да влегуваат по 50.000 луѓе и дека ниту една инспекција или контрола на мерката за самоизолација не би можела да го издржи тоа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп