Утрински Весник
Македонија

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 379 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 17 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 101 возач.

За нерегистрирани и технички неисправни возила казнети се 32 возачи, а казнети се и 41 мотоциклист.

Полицијата казнила и 66 возачи за непрописно паркирање, а 68 возила се подигнати со пајак.

Изречени се и 78 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски за предвремени избори: Шансите се многу мали, но никогаш не вели никогаш

Штипјанец запалил оган во дворот, огнот се проширил зафаќајќи ја неговата и две соседни куќи

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв на каква услуга ќе наидам, рече Беќаровски