Утрински Весник
Свет

Орбан: Унгарските граници остануваат затворени

Орбан: Маските мора да бидат задолжителни во јавниот превоз

Унгарските граници остануваат затворени, а маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, со цел спречување на ширењето на коронавирусот, изјави денеска премиерот на државата Виктор Орбан.

Тој рече дека се очекува дека вториот бран на пандемијата ќе достигне кулминација негде околу декември или јануари, пренесе Ројтерс.

Унгарскиот премиер истакна дека неговата влада одредила ограничување на цените на тестовите за Ковид-19 на 54 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гардијан: Британски компании за водоснабдување испуштаат отпад во постројки за пречистување

Руската компанија „Јандекс“ соопшти дека нејзиниот центар за податоци во градот Владимир прекинал со работа по украински напад со дрон

Чешката опозиција оствари успех на изборите за Сенатот