Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром со повик за отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила

Општина Аеродром со повик за отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила

Општина Аеродром ги известува сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила дека е потребно да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок.

Во спротивно, велат од Општината, овие возила, приколки и камп-приколки што се паркирани на плочници и тревници веднаш ќе бидат отстранети од надлежните служби.

„Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност за граѓаните и за животната средина“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Екипи се борат со пожарот кај Никуштак – приоритет е заштита на населените места

Вашингтон го засилува фронтот против зависноста од Кина – Трафигура меѓу компаниите со американска поддршка 

11 возачи уапсени за едно денонoќие, меѓу нив и малолетник