Утрински Весник
Свет

Русија испорачува 100 милиони дози вакцина во Индија

Русија почна масовно тестирање на вакцината против коронавирусот, која ќе ја примат 40.000 луѓе

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) се согласи да обезбеди 100 милиони дози вакцина против коронавирус „Спутник V“ на фармацевтската компанија во Индија „Лабораторија на д-р Реди“, објави фондот, пренесува „Танјуг“.

Договорот следуваше откако рускиот фонд постигна спогодба со индиските производители за производство на 300 милиони дози вакцина во Индија, која е главен корисник на руската нафта и оружје, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата „Лабораторија на д-р Реди“ ќе ја спроведе третата фаза на клинички испитувања на вакцината во Индија, која треба да добие регулаторно одобрување, наведува РДИФ.

Испораките во Индија може да започнат на крајот на 2020 година, додава РДИФ, нагласувајќи дека тоа е предмет на завршување на клиничките испитувања и регистрација на вакцината во Индија.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрирала вакцина против коронавирусот, наречена „Спутник V“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска