Утрински Весник
Спорт

За ЕХФ – Вардар 1961 е осми фаворит за освојување на Лига на шампиони

За ЕХФ – Вардар 1961 е осми фаворит за освојување на Лига на шампиони

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави рангирањето на клубовите за новата сезона во Лигата на шампионите.

Критериумите за ваквиот тип на ранкинг се пред сè според засилувањата што ги довела екипата во преодниот рок, како и форма во која се наоѓа екипа пред започнувањето со првиот официјален меч.

Скопски Вардар 1961, кој сè уште е актуелен евриопски шампион според ЕХФ е во Топ 10 фаворити за освојување на титулата. „Црвено-црните“ се на осмата позиција.

„10 играчи го напуштија Вардар ова лето, а 9 пристигнаа, Алушовски ќе мора повторно од почеток. Доаѓањето на Марко Вујин и Борко Ристовски ќе го донесе толку потребното искуство. Во нивното прво натпреварувачко појавување во новата сезона, шампионите од 2019-та стигнаа до финалето на СЕХА-лигата“, стои во образложението од ЕХФ.

Утрешниот прв противник на Вардар 1961 во ЛШ, белоруски Мешков Брест е на деветтата позиција според федерацијата.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров кој е член на француски Нант е на 10-тата позиција, а репрезентативниот голман, Николче Митревски со неговиот Порто се рангирани седми.

ЕХФ најголеми шанси да се најдат на Ф4 турнирот им дава на ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем.

> За ЕХФ – Вардар 1961 е осми фаворит за освојување на Лига на шампиони <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност