Утрински Весник
Свет

Индонезија – кој не сака да носи маска ќе копа гробови за починатите од Ковид-19

Индонезија – кој не сака да носи маска ќе копа гробови за починатите од Ковид-19

Локалните власти во Индонезија им наредиле на неколку лица кои го прекршиле законот за носење маска да копаат гробови за починатите од Ковид-19.

Властите во една провинција во источна Јава казнија осум лица со тежок физички труд на локалните гробишта, за да направат пример од нив и да испратат порака до сите оние кои не сакаат да носат маски, пренесува „Њујорк пост“.

„Во моментот имаме само тројца копачи на гробови, затоа решивме да ги ангажираме и овие луѓе“, рекол претставник на локалната власт.

„Се надевам дека ова ќе има влијание врз оние кои не сакаат да носат маски“, додал тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска