Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Притвор за скопјанец кој со закана со нож ограбил аптеки

Притвор за скопјанец кој со закана со нож ограбил аптеки
Img 7972

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило две кривични дела – Разбојништво.

Осомничениот 38-годишен скопјанец, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа се упатил кај касата од каде одзел 4.430 денари и побегнал.

На 14 септември, пак, на истиот начин одзел 16.500 денари од аптека на булеварот „Св. Климент Охридски“. Потоа се обидел да го одземе и мобилниот телефон на вработената, која се спротивставила и дала отпор со туркање. Осомничениот дел од парите од дневниот промет ги извадил од металната каса на аптеката, а дел од картонска кутија во магацинскиот дел на аптеката, а потоа побегнал.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека лицето би можело да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ДИЗ: Инспекциски контроли кај извозникот, откупувачите и производителите, црвените пиперки не се вратени во Македонија

20 годишна кумановка излетала со „Јагуар“ од автопат, тешко повредена сопатничка (19)

17-годишен ученик избоден 15-годишен ученик – Тежок инцидент во средно училиште во Кичево