Утрински Весник
Македонија

Притвор за скопјанец кој со закана со нож ограбил аптеки

Притвор за скопјанец кој со закана со нож ограбил аптеки
Ss2

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило две кривични дела – Разбојништво.

Осомничениот 38-годишен скопјанец, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа се упатил кај касата од каде одзел 4.430 денари и побегнал.

На 14 септември, пак, на истиот начин одзел 16.500 денари од аптека на булеварот „Св. Климент Охридски“. Потоа се обидел да го одземе и мобилниот телефон на вработената, која се спротивставила и дала отпор со туркање. Осомничениот дел од парите од дневниот промет ги извадил од металната каса на аптеката, а дел од картонска кутија во магацинскиот дел на аптеката, а потоа побегнал.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека лицето би можело да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.​

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Кога ќе побара Тошковски одговорност од Мицкоски во врска со лагите кои ги ширеше за убиството на Вања?

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот