Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Саити: Судската власт треба да работи на подобрување на довербата на јавноста

Маричиќ – Саити: Судската власт треба да работи на подобрување на довербата на јавноста

Во Министерството за правда се оствари средба помеѓу министерот Бојан Маричиќ и претседателот на Здружението на судии, Џемаил Саити, кој воедно е и судија во Врховниот суд.

На средбата, министерот Маричиќ дискутираше за заштитата на судската независност, зголемувањето на одговорноста, ефикасноста и транспарентноста на судиите и судовите.

Маричиќ потенцираше дека довербата на јавноста и угледот на судството може да го подобри најмногу самата судска власт, но дека процесите за поврат на угледот ќе ги иницира Министерството за правда.

Министерот истакна дека очекува од Здружението на судии да биде партнер во спроведувањето на реформите и активно да се вклучи со препораки и стручни совети во процесот на прочистување на правосудството.

На средбата, министерот Маричиќ додаде дека ќе биде поддршка на правосудните органи во процесот на кадровско зајакнување со стручни соработници и создавањето услови за поефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт