Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Индија за еден ден заразени 96.551 луѓе

Индија го надмина Бразил по бројот на заразени со коронавирус
Img 7972

Нов рекорден дневен пораст на бројот на лица заразени со коронавирус е забележан во Индија, со 96.551 случаи.

Бројот на лица заразени со вирусот, во Индија расте побрзо отколку на кое било друго место во светот, а Соединетите држави се единствената земја што е погодена посилно од пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на смртни случаи од последиците од Ковид-19 остана релативно низок, но неодамна е забележан тренд на раст, со над илјада нови смртни случаи во последните десет дена.

Досега починале 76.271 лица поради коронавирусот во Индија, а денес се регистрирани 1.209 нови смртни случаи.

Во Индија, 4,5 милиони луѓе се заразени со вирусот од почетокот на пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток