Утрински Весник
Свет

СЗО: Коронавирусот може да биде ставен под контрола за две години

СЗО: Коронавирусот може да биде ставен под контрола за две години

Денес се навршуваат шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако на почетокот таа организација го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 како пандемија со неколку жаришта, пренесува ТАСС.

„Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е со глобални напори и модерна технологија, таа да биде ставена под контрола за две години“, се вели во соопштението на СЗО.

Во него се наведува дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат себеси, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.

СЗО исто така верува дека шест месеци по прогласувањето на пандемијата, вирусот остана главно заразен на ист начин.

„Човечките вируси можат да напредуваат, да станат повеќе или помалку патогени. Врз основа на сегашната евиденција на повеќе од 80.000 геномски примероци, утврдено е дека преносливоста и сериозноста на вирусот не се променети”, соопшти СЗО, додавајќи дека промените на вирусот постојано се следат.

Како што се додава, иако Ковид-19 е нов вирус, за него веќе се знае многу.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд