Утрински Весник
Свет

Oколу 13.000 вработени во италијанските училишта се заразени со коронавирус

Oколу 13.000 вработени во италијанските училишта се заразени со коронавирус

Во Италија, досега речиси 50 проценти од вработените во училиштата биле тестирани за  Ковид-19, што е околу 500.000 наставници и ненаставен училишен кадар. Од нив, 2,6 проценти или околу 13 000 луѓе, се позитивни на вирусот.

Ова се податоци објавени од канцеларијата на италијанскиот специјален комесар за вонредни ситуации, Доменико Аркури.

Повеќето тестови биле спроведени во Ломбардија, каде биле тестирани 70 проценти, додека Сардинија била на последното место со пет проценти, а во извештајот не е вклучен регионот Лацио, кој го спроведе тестирањето независно, според агенцијата Анса.

Се очекува на 24 септември процентот на тестирани работници во училиштата на територијата на Италија да се зголеми на 60 до 70 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранска револуционерна гарда: Ормускиот Теснец останува затворен по наредба на ајатолахот

Русија ги предупредува граѓаните да не патуваат во Германија

Иран не поставува мини во Ормускиот Теснец, изјави Тахт-Раванчи