Утрински Весник
Свет

СЗО: Први резултати од вакцината против Ковид-19 на крајот на годината

Европска Унија сака да го покрие целиот свет со вакцина, планирани две милијарди дози

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека резултатите од тестирањето на некои кандидати за вакцина против новиот вид коронавирус ќе бидат познати до крајот на годината.

Главниот експерт на научната делегација на СЗО, Соума Сваминанатан се осврна на прашањето кога ќе започне производството на 35 вакцини, кои сè уште се тестираат на луѓе во светот, велејќи дека за време на тестирањето и производството на вакцината се потребни податоци и човечки ресурси.

„Треба да имаме предвид дека за клиничките испитувања против Ковид-19 неопходно е време. Не можеме да брзаме со тоа”, рече Сваминатан.

Сваминанатан појасни дека десетици илјади луѓе треба да се пријават за да учествуваат на клиничките испитувања, со цел создавање на безбедна и ефикасна вакцина.

„Тоа е трка. Тоа е трка против вируси и трка за спасување животи. Не е трка меѓу компании. Не е трка меѓу држави. Тоа е трка за поддршка на јавното здравје и поддршка на најбезбеден и најефикасен можен начин“, рече Рајан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење