Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Користете алтернативни рути за влез во Скопје додека се реконструира булеварот Александар Македонски

Град Скопје: Користете алтернативни рути за влез во Скопје додека се реконструира булеварот Александар Македонски

Градот Скопје апелира граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек.

Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров.

„Во Скопје деновиве се одвива голема градежна офанзива за изградба и обнова на градските улици – се пробива улицата Есенинова, а се реконструираат улиците Македонско – косовска бригада, Лазар Личеноски, Џон Кенеди, Боца Иванова, Благоја Стефковски и Востаничка, како и булеварот Видое Смилевски Бато“, информираат од Град Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош