Утрински Весник
Свет

Песков демантира дека Путин ќе формира комисија за случајот Навални

Песков демантира дека Путин ќе формира комисија за случајот Навални

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков го демантираше тврдењето дека Владимир Путин формирал комисија за испитување на случајот со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Песков демантира дека Путин му го ветил тоа на италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Песков истакна дека за време на разговорите, двајцата лидери ја допреле приказната за инцидентот поврзан со Навални и дека Путин изјавил дека Русија е решена да утврди што се случило.

Тој додаде дека не ја исклучува можноста да има недоразбирање, пренесува ТАСС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН

Крвав масакр во САД: Деветмина мртви, меѓу нив две мали деца и бремена жена

Медведев по апсењето во Црна Гора: Можеме да го прошириме списокот на уапсени Европејци