Утрински Весник
Свет

Укажувач тврди: Шефовите на ДХС цензурираа разузнавачки податоци за Русија и белите супремацисти

Укажувач тврди: Шефовите на ДХС цензурираа разузнавачки податоци за Русија и белите супремацисти

Високи функционери на американската Агенција за внатрешна безбедност (ДХС) се обвинети за обид за цензурирање или запирање на работата поврзана со закани од активности на руско влијание и на белите супремацисти, се вели во новиот извештај на укажувач поднесен од поранешен висок службеник од агенцијата, пренесува „Њујорк пост“.

Извештајот, објавен вчера од Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, бил поднесен во вторникот од Брајан Марфи, поранешен шеф на разузнавачката гранка во Агенцијата за внатрешна безбедност.

Во него, Марфи обвинува повеќе сегашни и поранешни шефови на агенцијата – вклучително и поранешниот секретар за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен, вршителот на должноста секретар Чад Вулф и Кен Кучинели, вториот клучен човек во агенцијата – за злоупотреби на нивните позиции.

Откако ја објави жалбата на 24 страници, претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Адам Шиф, објави дека неговиот панел ќе го повика Марфи да сведочи подоцна овој месец. Во изјавата, Шиф се осврна на наводите:

„Обвинувањата од Марфи се сериозни – од високи функционери кои ги потиснувале разузнавачките извештаи за мешањето во изборите од страна на Русија и давање лажни изјави пред Конгресот за закани со тероризам на нашата јужна граница, до модифицирање на разузнавачките проценки за да одговараат на реториката на претседателот за Антифа и минимизирање на заканата од белите супремацисти.

„Побаравме Марфи да сведочи пред Комитетот, со налог за појавување ако е потребно, заедно со другите веќе закажани интервјуа со други службеници на ДХС”, се вели во соопштението.

Марфи вели дека бил отстранет од својата позиција во август како одмазда откако неговата канцеларија објави извештај за демонстрантите во Портланд, Орегон. Тој во жалбата побара од генералниот инспектор на Агенцијата да го испита неговото отстранување од работа, велејќи дека му се одмаздуваат затоа што ги предизвикал оние над него .

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата