Утрински Весник
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Регулаторната комисија за енергетика и ЗНМ

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Регулаторната комисија за енергетика и ЗНМ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и Здружението на новинари на Македонија потпишаа Меморандум за соработка во кој основен постулат е информирање на граѓаните за постапките и процесите за заштита на правата на потрошувачите за енергетските услуги.

„Од првиот ден кога ме назначија за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, заедно со членовите клучна цел што ја зацртавме ни беше институцијата да ја отвориме за граѓаните, затоа што и основната функција на регулаторното тело е да ги штити правата на потрошувачите. Со оглед на тоа дека регулираме дејности кои задираат во основната функција на живеењето и работењето, свесни за неопходноста на точна и навремена информација до јавноста и граѓаните го зајакнавме тимот соодветно со лица кои ќе работат токму во овој сегмент. Искуството од Здружението на новинарите убедени сме дека ќе ни помогне во обука на стручните службите во квалитетно пласирање на информациите за јавност, а и нашата експертиза ќе ја надградиме во насока на вештини за поедноставена комуникацијата разбирлива за сите. Овие заложби не се само декларативни, истите позитивно се рефлектираа во однос на оценетата транспарeнтност и стручност преку признанијата што ги добиваме од Енергетската заедница за најдобар регулатор од членките и тоа две години по ред“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакна дека Меморандумот е формализација на заложбите за точна и навремена информација за потрошувачите на услугите кои ги регулира РКЕ, а ќе претставува и основа за понатамошна взаемна соработка.

„Сметаме дека подобрената соработка со РКЕ може да донесе бенефит не само за новинарите и членовите на РКЕ, туку и за јавноста во целост“, изјави претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски и додаде дека со отворањето на РКЕ се зголемува транспарентноста на оваа институција.

„Ова ќе помогне на новинарите од економските редакции подобро да ја разберат суштината на работата на РКЕ, но и на компаниите од оваа дејност и ќе имаат целосен пристап кон информации што ја третираат оваа тематика“, рече тој.

Целта на потпишувањето на овој меморандум е да се направи платформа за соработка и обуки помеѓу членовите на РКЕ и новинарите како и кампањи за осознавање на надлежностите, улогата и значењето на РКЕ. Со меморандумот се опфаќа можност за пристап до стручни материјали и литература во РКЕ и ЗНМ, изработка на анализи и истражувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско