Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед не се откажале од Санчо

Манчестер јунајтед не се откажале од Санчо

Манчестер јунајтед направиел прогрес во преговорите со Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо и покрај тоа што бундеслигашот јавно објави дека е завршен крајниот рок за негов трансфер ова лето, јавува порталот „Гол“.

Англичанецот останува прва цел за Оле Гунар Солскјер, а и покрај тврдењето на спортскиот директор Михаел Цорк дека тој останува во Германија, преговорите продолжуваат. Јунајтед уште не се подготвени да ги платат побаруваните 120 милиони евра, бидејќи не сакаат да направат иста грешка како со Алексис Санчез, кога неговите високи плати предизвикаа немир во соблекувалната.

Според „Гол“, Јунајтед направиле прогрес во преговорите со агентот на Санчо околу платата, но биле подготвени да си заминат од договореното доколку не се согласат да ја намалат сумата за трансфер. Во исто време, „ѓаволите“ ги следат и другите можни засилувања – крилото на Јувентус Даглас Коста и напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле.

> Манчестер јунајтед не се откажале од Санчо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила