Утрински Весник
Свет

Лавров му се извинил на Вучиќ

Лавров: Односите со Турција нема да влијаат на руско-кипарскиот дијалог

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, му се извини на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за контроверзниот пост на „Фејсбук“ на портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави советничката за медиуми на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ.

„Коментарот на Захарова беше несоодветен и недостоен за нејзината позиција“, изјави Васиљевиќ за ТВ Прва.

Таа рече дека за време на престојот во Брисел, Вучиќ разговарал со Лавров, кој, како што вели, се извинил за постапката на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Захарова на својот „Фејсбук“ профил ја коментираше средбата меѓу Вучиќ и американскиот претседател, Доналд Трамп, со несоодветна фотографија од сцена од филмот „Основен инстинкт“, во која актерката Шерон Стоун ги прекрстува нозете.

„Ако ве поканат во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седете како на фотографијата број 2. Кој и да сте. Верувајте ми”, напиша Захарова.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Брисел ги повика американските професори и научници да дојдат во ЕУ, им нуди поддршка од стотици милиони евра

Украина: Извршен еден од најголемите руски воздушни напади врз Киев

Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност