Утрински Весник
Македонија

За една година во новиот ургентен центар во кумановската болница извршени 50 илјади хируршки прегледи и интервенции​

Ss2

Во новиот ургентен хируршки центар, сместен во кругот на Општа болница Куманово, за една година од пуштањето во употреба кон крај на јули, минатата година, до денес се извршени 34.100 хируршки и 8.000 отропедски прегледи. Направени се и 7.600 преврски, имобилизации, како и други хируршки интервенции, посочува директорката на ОБ Куманово, д-р Снежана Захариева.​

Комплетно новиот објект на Ургентниот центар е со површина од 750 метри квадратни и овозможува над 200 илјади граѓани од североисточниот регион, на едно место да добијат хируршки, ортопедски и анестезиолошки третман со современа медицинска опрема во амбулантите и во дневната болница.​

Oд кумановската болницата посочуваат дека има добра екипираност на медицинскиот кадар. Посебно значајно е што неопходната здравствена услугата се обезбедува на едно место, што дава подобра можност за комуникација, консултација и решавање и на најтешките случаи. Во ургентниот центар се третираат пациентите кои доаѓаат со упат од матичен лекар, но и тие кои дошле за некоја ургентна или животозагрозувачка состојба.​

„Продолжуваат инвестициите во кумановската болница, се чека новиот оперативен стол за офталмолошката сала, набавен е и тимпанометар за ОРЛ одделот, обезбедени се и поголем број монитори, а се планира и преуредување на одделот за неврологија, каде ќе се набави и нов ЕЕГ апарат со средства од болницата“, посочува директорката Захариева.​

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Џафери: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија

Денес (ВЕЛИГДЕН) Потопол ден – Попладне изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Притвор за 18-годишник кој нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник