Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Седум убиени во пукање во Калифорнија

Седум убиени во пукање во Калифорнија
300x250 opst2

Седум лица се убиени во пукање што се случило на имот со нелегални насади со марихуана, во рурален дел на Јужна Калифорнија, пренесува Асошиејтед прес.

Сцената на злосторството била откриена кога полицијата добила повик за пукање во Агванга, северно од Сан Диего.

Полицијата пронашла шест безживотни тела на местото на злосторството и една жена која била пренесена во болница поради прострелни рани, каде починала.

На имотот биле пронајдени околу 450 килограми марихуана и неколку стотици засадени стебла на растението.

Полицијата сè уште не ги идентификувала осомничените за злосторството, за кое сметаат дека е изолиран инцидент и не претставува опасност за граѓаните.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот