Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Опозиционерката Колесникова го скинала пасошот за да спречи депортација од Белорусија

Опозиционерката Колесникова го скинала пасошот за да спречи депортација од Белорусија
Img 7972

Приведената белоруска опозиционерка Марија Колесникова спречила присилно протерување од земјата со кинење на нејзиниот пасош на границата и фрлање на парчињата од прозорецот на автомобилот.

Во понеделникот маскирани лица ја уапсија Марија Колесникова во центарот на Минск и ја однесоа со комбе.

„Таа беше турната на задното седиште (од возилото), викајќи дека не оди никаде“, изјави нејзиниот соработник Антон Родненков на денешната прес-конференција. Родненков додаде дека тој и еден колега биле однесени до границата заедно со Колесникова и дека не знаат каде сега се наоѓа таа.

„Кога автомобилот стигна до контролниот пункт меѓу двете земји, Колесникова спречи нејзина депортација со кинење на нејзиниот пасош“, рече тој.

Француската агенција АФП ги пренесува зборовите на граничната полиција дека Колесникова била уапсена на границата, а на нејзините соработници им било дозволено да ја напуштат земјата.

„Колесникова е во притвор“, рече портпаролот на граничната полиција Антон Бијчковски. „Не можам да кажам точно зошто, но таа беше приведена“, изјавил тој за „Ројтерс“ додавајќи: „Таа беше приведена во врска со околностите под кои (групата) ја напушти територијата на Белорусија.

Колесникова е последната од трите жени што учествуваа во претседателската кампања, а се натпреварува против сегашниот шеф на државата Александар Лукашенко.

Другите две кандидатки, Светлана Тихановскаја и Вероника Чепкало, побегнаа од земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот